8.8 C
Skopje
недела, 5 октомври 2025

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон!

Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, е победник на Скопскиот маратон со време од 2:14,50 со што буквално ја уништи конкуренција од Кенија. Нашиот маратонец долго беше во водечката група, беше и второпласиран, но со фантастичен финиш успеа да го мине маратонецот од Кенија и по вторпат да победи на Скопскиот маратон.

На втората позиција финишираше Џулијан Кипкоеч од Кенија со заостанување од 30 секунди позади Ивановски, додека пиедесталот го комплетираше грузискиот атлетичар Давити Каразишвили.

На Скопскиот маратон, кој оваа година се одржуваше по 21-ви пат учествуваа рекорден број на учесници, преку 14.000.

На полумаратонската трка триумфираше Албион Имери од Албанија, пред нашите Иван Пешовски и Александар Арсов.

Во женска конкуренција на полумаратонската трка победи Греша Бакрачи од Косово, пред македонските атлетичарки Теа Божиновска и Милјана Ристиќ Стојчевска.

- Оглас -

Најнови вести