Денешниот полумаратон во Белград беше генерална проба за Дарио Ивановски пред настапот на маратонот на Европското првенство во Брисел следната недела.
Ивановски во Белград полумаратонот го истрча за 1 час, 7 минути и 22 секунди, што беше доволно за освојување на четврто место. На првите три позиции беа атлетичари од Африка.
Трчаше и тренерот на Дарио, Игор Јакимовски, кој носеше и црн флор во чест на жртвите од пожарот во Кочани.