Дарио Ивановски со рекорд на патеката убедливо победи на полумаратонот во Дубровник

Нова успех и потврда на квалитетот на Дарио Ивановски дојде денеска, тој победи на полумаратонот во Дубровник, каде низ целта на популарниот Страдун мина носејќи го македонското знаме.

На полумаратонот во овој хрватски град, Дарио ја уништи конкуренцијата и постави рекорд на патеката од 1 час, 8 минути и 2 секунди. Второпласиран беше Хрватот Жељко Цота кој имаше дури 6,24 минути послабо време од Дарио.

На полумаратонот учествуваа околу 1.000 натпреварувачи во машка и женска конкуренција. Кај жените победи Блетнејд Патон од Ирска со време од 1 час, 31 минута и 52 секунди.

- Оглас -

Најнови вести