В недела со старт во 8.30 часот ќе се одржи еден од најелитните европски маратони, во Севиља, Шпанија, а на овој престижен атлетски настан кој ги собира звучните светски маратонски имиња ќе настапи и нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски.
Ова за него ќе биде второ учество на маратонот во Севиља по дебитантскиот во 2024 година, кој му го донесе најдобриот резултат во кариерата и воопшто најмоќниот атлетски резултат во историјата на Македонија – 2 часа 8 минути и 26 секунди. Токму тој резултат беше визата за настап на ЛОИ 2024 година во Париз, а Дарио и оваа година атакува подготвен за нов врвен маратонски резултат.
Тој во изминатите три месеца интензивно се подготвуваше за првиот настап за сезоната 2026 и самоуверено отпатува со неговиот тренер и менаџер Игор Емси Јакимовски.

