Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше херојот на Јагиелонија на дербито против Легија Варшава. Тој го постигна единствениот гол за триумф на Јагиелонија (0-1), со што тимот ги задржа шансите во трката за шампионската титула.
Legia Warszawa 0-1 Jagiellonia Białystok – Darko Čurlinov 41′ (Ekstraklasa)
byu/4gjdtokurwa insoccer
Чурлинов погоди во 41-та минута од натпреварот, а тоа на крајот беше и конечен епилог на дербито.
Јагиелонија на шест кола до крајот на првенството на Полска се наоѓа на третата позиција со 55 бода, четири помалку од лидерот Раков.