Бетис е голем фаворит во дуелот со полската Јагелонија во двобојот од Конференциската лига, а и за македонската јавност е интересен овој меч поради присуството на нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов.
Крилниот напаѓач остана единствен македонски претставник во европските купови, неговиот тим стигна до четвртфиналето, што е голем успех, а таму ги чека многу тешка задача против Бетис, кој откако го донесе Бразилецот Антони на позајмица, реди само успеси.
Имаа голема серија победи пред викендов да одиграат нерешено, и тоа против силната Барселона на гости и без еден од главните играчи, Иско, во составот. Затоа Бетис важи за фаворит против Полјаците, но и Чурлинов и другарите веќе покажаа дека знаат да бидат незгодни, па и тие си имаат свои пресметки.