30.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов потпиша двегодишен договор со Кочаелиспор. По успешната полска епизода во дресот на Јагелонија, каде што остави одличен впечаток, Чурлинов сега ќе има нов предизвик во турското првенство.

Денеска се очекува и неговата официјална промоција во дресот на новиот клуб. За разлика од позајмиците во минатото, овој трансфер е комплетен, Чурлинов дефинитивно се раздели со англискиот Барнли.

Кочаелиспор, кој по четири кола има само еден бод, ќе се обиде со помошта на македонскиот интернационалец да ја стабилизира играта и да обезбеди опстанок во елитата.

- Оглас -

Најнови вести