Дарко Чурлинов пред трансфер во шампионот на Полска

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов е блиску до преселба во Полска и потпис за шампионот Јагиелонија. Тој веќе ги договорил личните услови за едногодишна позајмица со новиот клуб, а сега останува да се договорат и двата клуба, Јагиелонија и Барнли.


Чурлинов по завршувањето на позајмицата во Шалке се врати назад во Барнли, но, извесно е дека македонскиот репрезентативец не е дел од плановите на тимот за новата сезона во Чемпионшип.

Јагиелонија го почна новиот шампионат на Полска со три победи и, според најавите од Полска, во Дарко Чурлинов гледа квалитетно засилување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести