Дарко е експерт за кошарка и со 12 погодени тикети е најдобар типстер за февруари

Дарко Дончевски си освои 100.000 денари откако беше прогласен за најдобар типстер во февруари. Експертот за кошарка имаше 12 добитни тикети и со тоа заврши пред Тони Цветков, кој доби 30 илјади денари, и Филип Секуловски, кој освои 20 илјади денари.

„Интересно е тоа што само два месеци се натпреварувам во Типстер купот и најчесто играм кога ќе сум во Македонија.

Последниот добитен тикет ми беше некаде на два-три дена пред крајот на минатиот месец, а најчесто играм на кошарка, односно на разлика на поени на една од екипите. Ја преферирам НБА-лигата зошто многу пореално испаѓаат резултатите, за разлика од Евролигата. Знам да одиграм и на хокеј или фудбал, ама понекогаш. Фудбалските средби најчесто ги играм со фикс или, пак, на голови“, започна Дончевски.

НАВИВА ЗА ЛЕЈКЕРС И КРАЛОТ ЛЕБРОН, А ОМИЛЕН ФУДБАЛСКИ КЛУБ МУ Е РЕАЛ

„Навивам за Лос Анџелес лејкерс и, секако, Леброн Џејмс, бидејќи тој е Кралот на кошарката. Се надевам дека тимот ќе се стабилизира и дека повредените ќе се вратат за во плејофот. Но, во каква форма играат, може ни таму да ги нема сезонава.

Според мене, најголем фаворит сезонава за титулата е Далас и сметам дека Лука Дончиќ ќе ги води до насловот бидејќи тој игра монструозна кошарка.

Од фудбалските клубови, пак, од мали нозе навивам за Реал Мадрид, па може да се каже дека омилен кошаркар ми е Кралот Џејмс, а омилен тим Кралскиот клуб“.

ШПАНСКАТА ЛИГА Е „СИГУРИЦА“ ЗА 0-2

И покрај тоа што омилен спорт за обложување му е кошаркара, Дарко напомена дека знае да одигра и фудбалски тикети, а и таму има своја омилена лига и омилена игра.

„Шпанската лига ми е омилена од фудбалот за обложување, а нема промашување ако таму се игра од нула до два гола.

Иако играат напаѓачки, сепак, ретко се гледаат три или повеќе погодоци по меч“, додава Дончевски.

АКТИВЕН Е И НА СПОРТСКА ПРОГНОЗА

Кога сум во нашата држава и кога имам време, активен сум и на Спортска прогноза. Се надевам дека и таму ќе имам успех како во типстерскиот куп, а воедно им посакувам среќа и на сите учесници коишто се дел од игрите во организација на Sport Life“, завршува најдобриот типстер за февруари.

- Оглас -

Најнови вести