Дарко Ковачевиќ е застрелен пред неговата куќа во Атина!

Поранешниот српски фудбалер Дарко Ковачевиќ, бил застрелен со огнено оружје од непознати напаѓачи кои биле во мало возило. Ова се случило во атинската населба Глифада, каде што Ковачевиќ има куќа. Според грчките медиуми, Дарко паднал на земја, а со амбулантно возило бил пренесен во болница.

Засега не се знае што е причината за нападот врз доскорешниот спортски директор на Фудбалскиот сојуз на Србија. Инаку, Ковачевиќ десетина години живее во главниот град на Грција.

Не е познато каква е неговата здравствена состојба, но се шпекулира дека бил погоден во ногата, и ако тоа е вистина, би требало да го преживее овој хорор.

Како играч, Ковачевиќ настауваше за Раднички, Пролетер, Црвена ѕвезда, Шефилд венздеј, Реал Сосиедад, Јувентус, Лацио и Олимпијакос. Во јули 2019 си поднесе оставка од функцијата со ФСС, а сега сакаше да биде скаут на Олимпијакос.

Деновиве во грчкиот фудбал владее хаос. Имаше напад на судија, убиство на бугарски навивач кој беше во Солун да гледа натпревар, а сега и ова со Ковачевиќ ќе ги зголеми тензиите, без разлика што не се знае мотивот за нападот.

- Оглас -

Најнови вести