Дарко Панчев пријатно ги изненади младите македонски репрезентативци со посета пред денешниот квалификациски дуел со Франција за настап на Европското првенство во 2023 година.
Најдобриот македонски фудбалер за минатиот век и единствениот што ја има Златната копачка за најдобар стрелец во Европа им посака успех на младинците и многу голови во мрежата на Галските петли.
Со него во посета на младинците пристигна и неговиот некогашен соиграч од Вардар, Бобан Бабунски, а селектор на Македонија е Драган Канатларовски, уште еден извонреден фудбалер што настапуваше со популарната Кобра и во Вардар и во Црвена ѕвезда, но и за А репрезентацијата на Македонија.
Мечот меѓу Македонија и Франција се игра денеска, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од 18.30 часот.