На 29 мај 1991 година, Црвена ѕвезда на пенали го победи Олимпик Марсеј во финалето на Купот на европските шампиони, денешна Лига на шампиони, и стана првиот, и засега единствен тим од просторите на поранешна Југославија што го освоил европскиот фудбалски врз на клупска сцена. За нас од Македонија, посебна гордост е што решавачкиот гол во петтата пенал серија на финалето на стадионот „Свети Никола“ во Бари, беше дело на Дарко Панчев.
Финалето од 1991 е едно од најлошите во историјата на КЕШ или ЛШ, но сите фанови на црвено-белите од Белград ќе го паметат по добро, и по голот на Панчев кој стана херој. Во екипата на Ц. Ѕвезда играше и уште еден Македонец, Илија Најдоски.
Но, 29 мај во Европа се памети по лошо. На овој датум во 1985 година, на бриселскиот стадион „Хејсел“, требаше да се игра финалето помеѓу Ливерпул и Јувентус, а се случи една од најголемите трагедии во која животот го загубија 39 навивачи и над 600 беа повредени.
До ден денеска случајот не е целосно расчистен. Некои сметаат декеа виновни биле англиските фанови кои со шишиња и ракети ги нападнале навивачите на Јуве, а кога била пробиена заштитната ограда, бегајќи од налетот на хулиганите, публиката навали на ѕидот кој попушти под притисокот. За трагедијата не одговараше никој, иако имаше огромни пропусти кај полицијата, редарите и УЕФА, кои се недозволиви во денешно време.
Потсетување на голот на Панчев и на еуфоријата која го зафати коментарот Милојко Пантиќ кој го славеше Дарко: