30.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Дарко Велковски потпиша за Зрињски

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски во новата сезона ќе ги брани боите на тимот на Зрињски од Мостар. Велковски се поврзуваше со тимот на Железничар од Сараево, но сепак Зрињски ќе биде неговиот нов клуб.

Клубот кој е шампион на Босна и Херцеговина се пофали дека во своите редови донесе фудбалер кој има 56 настапи за македонската репрезентација.

Веста за овој договор на Велковски сигурно ќе го израдува и селекторот Благоја Милевски, затоа што дефанзивецот повторно ќе влезе во играчки ритам. Претходните неколку месеци Велковски беше надвор од терените и без клуб, а сега повторно треба да се врати во форма.

 

- Оглас -

Најнови вести