32.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Дарко Велковски пред камбек во Вардар?

Фудбалскиот клуб Вардар е пред официјализирање на договорот со македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.

Неофицијално, враќањето на 30-годишниот Велковски во Вардар е веќе договорена работа. Тој играше за најтрофејниот македонски клуб од 2015 до 2018 година.

Велковски е дете на Работнички, а има богата интернационална кариера, играше за Риека, Ал-Етифак, Динамо Букурешт и Ниреѓихаза, каде што беше во вториот дел од минатата сезона, но одигра само три меча за овој унгарски тим.

Ако договорот биде официјализиран навреме, Велковски ќе му помогне на Вардар на двомечот со Лозана во второто квалификациско коло во Конференциската лига. Пред тоа, утревечер Вардарци ќе треба да ја елиминираат Ла Фиорита од Сан Марино, која ја победија со 3-0 на првиот меч и си ја олеснија работата пред реваншот.

- Оглас -

Најнови вести