1811 Дармштад – Сандхаузен (Германија, Втора лига, 18.30 часот)
Дармштад беше најмалерозната екипа во ланската сезона во цела Германија, а особено во Втората лига и само заради полоша гол-разлика од Хамбургер не играше бараж за Бундеслигата против Херта.
Двете екипи имаа еднаков број на бодови во битката за третото место што носеше бараж за влез во Бундеслигата, но Хамбургер имаше подобра гол-разлика.
Екипата од југозападот на Германија и оваа сезона има амбиции да атакува на пласман во Првата лига, но стартуваше лошо во Цвајта, со пораз од Јан Регенсбург.
За ривал на премиерата на домашен терен го имаат Сандхаузен, екипа која речиси секоја сезона во последно време се бори за опстанок во Втората лига.
Сега Сандахаузен почна добро, со победа над Арминија Билефелд и ќе се обиде да изненади со нов подвиг против екипа која е кандидат за Бундеслигата, но типуваме дека гостите нема да успеат и дека Дармштад ќе ги освои бодовите.
Предлог тип: 1 (1.83)
1605 Фортуна Дизелдорф – Падерборн (Германија, Втора лига, 18.30 часот)
Падерборн имаше најубедлив старт на новата сезона и го декласира Карлсруе со 5:0, што е највисока победа во првото коло.
И што е многу интересно, сите пет гола ги дадоа во второто полувреме во интервал само од 19 минути.
Тоа потврдува дека се физички исклучително добро подготвени и ќе се обидат да ја продолжат серијата од три меча без пораз во меѓусебните дуели со Фортуна.
Тимот од Дизелдорф славеше во првото коло против Магдебург на гости, па и тие ќе се обидат да победат и да бидат на врвот на табелата со шест бода.
И двете екипи имаат столетна традиција, Фортуна постои дури 127 години и еднаш беше и првак на Германија, а Падерборн е формиран пред 115 години и никогаш не бил шампион во една од најфудбалските земји на планетата.
Предлог тип: ГГ&3+ (1.92) Супер тип на Sport Life
2801 Митјиланд – Силкеборг (Данска, Прва лига, 19 часот)
Ако постои незгоден ривал за Силкеборг, тоа е денешниот негов домаќин Митјиланд. Актуелниот вицешампион на Данска има прекрасна серија од 8 победи по ред против Силкеборг на натпревари од данската Прва лига и ќе се обиде да стигне и од деветка.
Митјиланд почна скромно во новата сезона со реми на домашен терен против Рандерс, а со ист резултат 1:1 одигра и на првиот меч против АЕК Ларнака во квалификациите за Лигата на шампионите.
Сега им е потребна победа против Силкеборг за самодоверба, а и денешните гости го понаа новото првенство со реми против Лингби.
Силкеборг ќе игра во Лигата на Европа, воопшто не е наивен ривал, но Митјиланд е поквалитетен тим и типуваме дека нема да загуби на меч барем со еден гол во двете мрежи.
Предлог тип: 1Х&ГГ (2.01)
1901 Салцбург – Австрија Виена (Австрија, Прва лига, 20.30 часот)
Салцбург и Австрија Виена ќе го играат премиерниот меч од австриската Бундеслига, а голем фаворит е клубот што доминира во земјата.
Биковите имаат девет титули по ред и се главни фаворити и за десетка, а доминацијата е голема во Австрија.
Од вкупно 16 домашни титули, дури 13 им се освоени во последните 16 години, а за да немаат сега серија од 12 пехари по ред, „виновен“ е денешниот прв ривал во новата сезона.
Австрија Виена во сезоната 2012/13 ја сопре серијата од три титули по ред на Салцбург, а потоа веднаш од следната сезона следеше серијалот од 9 пехари по ред на Биковите што сè уште е актуелен.
Австрија е вториот најтрофеен тим во земјата со 24 титули, само зад големиот градски ривал Рапид, кој има 32.
Гигантот сепак тешко ќе оствари подвиг бидејќи ќе го почне првенството со минус 3 бода, казна што ја изрече Австриската фудбалска федерација поради финансиски проблеми на Австрија Виена.
Салцбург има и подобар тим и очекуваме да слави на премиерен меч со доста голови.
Предлог тип: 1&3+ (1.80)
6283 Шведска – Белгија (ЕП за жени, 21 часот)
Швеѓанките се првите европски шамионки и со нивниот триумф на шампионатот во 1984 година почна приказната на репрезентативниот женски фудбал на Стариот Континент.
Тогаш во финалето ја победија Англија, а и сега би играле против селекцијата на Гордиот Албион, но во полуфинале и под услов да ја победат Белгија.
Белгијките беа на посакуваното ниво кога најмногу им требаше и ја победија Италија во последното коло по групи во директен дуел за настап во четвртфиналето.
Сега немаат што да загубат, иако се големи аутсајдерки против Шведска, а типуваме дека ќе бидат елиминирани со чесен пораз.
Предлог тип: 1&0-4 (1.58)