19.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Дарвин Нуњес е новата приоритетна цел на Милан

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњес, е новата приоритетна цел за Милан во потрагата по засилување во офанзивната линија, пренесуваат италијанските медиуми.

Росонерите веќе направиле првичен обид да го доведат уругвајскиот репрезентативец, но преговорите со англискиот клуб засега се покажуваат како сложени. Сепак, токму Нуњес е изборот број еден на спортскиот директор Игли Таре, кој е подготвен да вложи максимум напори за да го реализира трансферот.

Клубот од „Сан Сиро“ веќе воспоставил контакт со 26-годишниот напаѓач, а доколку преговорите со Ливерпул не резултираат со договор, Милан има подготвени алтернативи, Арно Калимуендо од Рен, Душан Влаховиќ од Јувентус и Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед.

Паралелно со интересот од Милан, и саудискиот гигант Ал-Хилал го следи Дарвин Нуњес, но засега не е испратена официјална понуда од клубот од Ријад.

Претходно летово, Нуњес беше силно поврзуван со Наполи, но високиот финансиски праг за негов трансфер го одврати актуелниот италијански шампион, кој на крајот се одлучи за Лоренцо Лука од Удинезе.

- Оглас -

Најнови вести