32.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Дарвин Нуњес и Луис Дијас го напуштаат Ливерпул

Дарвин Нуњес и Луис Дијас не настапија за Ливерпул на пријателскиот натпревар против Милан, а според извори блиску до клубот, двајцата сигурно ќе го напуштат Ливерпул ова лето. Се очекува Дијас најверојатно да премине во Баерн Минхен, додека сè уште не е познато каде ќе продолжи кариерата Нуњес.

Уругваецот, кој има 26 години, пристигна на „Енфилд“ пред три сезони од Бенфика за 85 милиони евра. Неговиот ефект беше послаб од очекувањата: на 143 натпревари постигна 40 гола, а минатата сезона му беше најслаба – само седум погодоци во 47 настапи.

Колумбиецот Луис Дијас (28), крилен напаѓач донесен од Порто во 2022 година за 54 милиони евра, исто така е пред заминување. Минатата сезона беше поефикасен од Нуњес со 17 голови на 50 натпревари, но вкупно гледано, неговата статистика е слична – на 148 одиграни мечеви има 41 постигнат гол.

- Оглас -

Најнови вести