Дарвин Нуњес постави апсолутен рекорд во Премиер лигата!

Кога пред почетокот на оваа сезона потпиша за Ливерпул, Дарвин Нуњес постави рекорд за најскап фудбалер во историјата на гигантот од „Енфилд роуд“. Напаѓачот од кого се очекуваше веднаш да блесне, нема старт каков што се надеваше во Премиер лигата, но полека се загрева и на три од последните четири меча даде гол.

Синоќа, Нуњес беше стрелец на погодокот за триумф над Вест хем од 1:0. Тоа беше прв погодок на Нуњес пред домашната публика на „Енфилд роуд“. Освен голот, уругвајскиот репрезентативец покажа дека и физички е одлично подготвен. Во еден момент од мечот било измерено дека Нуњес трча со брзина од точно 38 километри на час.

Со оваа брзина Нуњес постави нов рекорд во историјата на Премиер лигата и сега тој е најбрзиот играч. Овој примат беше во сопственост на Кајл Вокер, кој пред две години направи спринт со 37,8 километри на час.

- Оглас -

Најнови вести