28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Дарвин Нуњес рекол „да“ за трансфер во Наполи

Дарвин Нуњес дал зелено светло за трансфер во шампионот на Серија А, Наполи. Според информациите, Уругваецот бил импресиониран од проектот што му го презентирал лично Антонио Конте и е подготвен да се бори за стартно место со Ромелу Лукаку во тимот.

Сепак, трансферот сè уште не е финализиран. Нема договор со Ливерпул околу отштетата, при што клубот од Мерсисајд најверојатно ќе инсистира на сума над 40 милиони фунти. Дополнително треба да се прецизираат и личните услови на Нуњес со Наполи.

По три години на „Енфилд“, каде што постигна 40 гола и запиша 26 асистенции на 143 натпревари, Дарвин Нуњес повеќе не се гледа како прв избор во нападот под водство на Арне Слот. Во втората половина од сезоната 2024/25 играше со ограничена минутажа, што ја забрза логичната разделба меѓу двете страни.

Иако не беше редовен стартер, неговата статистика останува солидна, осум гола и седум асистенции во изминатата сезона, како и вкупно 21 гол на 44 настапи во Лигата на шампионите и Лига Европа.

- Оглас -

Најнови вести