15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Дарвин Нуњез му се лути на Ливерпул што одбиле да го продадат во Саудиска Арабија

Напаѓачот на Ливерпул, Уругваецот Дарвин Нуњез, бил незадоволен од раководството на клубот кое категорично одбило да го пушти да замине во Саудиска Арабија, тврди „Сан“.

Ал-Наср беше заинтересиран за услугите на 25-годишниот Дарвин, но Црвените им одговорија на Саудијците дека Нуњез не е на продажба по ниту една цена и одбиле понуда од 84 милиони евра за играчот. Според „Сан“, Нуњез е незадоволен од својата позиција во тимот и сакал да продолжи во Ал-Наср, па се лутел што не го продале.

Откако не успеа да го купи Дарвин, тимот за кој игра Кристијано Роналдо, потпиша со напаѓачот на Астон Вила, Џон Дуран, за 77 милиони.

- Оглас -

Најнови вести