Раководството на Ајнтрахт Франкфурт имаше извонреден сенс за добар бизнис и ќе го откупи договорот на Лука Јовиќ за само 6 милиони евра.
Младиот српски напаѓач блеска во Бундеслигата, а во петокот сам и даде пет гола на Фортуна од Диселдорф, со што стана најмладиот играч во германско првенство со петка на еден меч.
Вистински губитници во целата ситуација се популарните „орли“ од Лисабон. Бенфика го купи Јовиќ за 6,5 милиони евра од Црвена Звезда, но во клубот немаа трпение да му дадат вистинска шанса на Јовиќ.
Како 17-годишник го позајмија на Ајнтрахт со договор меѓу двата клуба, Германците да можат да го откупат комплетно играчот за 6 милиони евра. Така тврди „А Бола“, иако се шпекулираше дека цената ќе биде 12 милиони евра.
Ајнтрахт воопшто не размислува и ќе го откупи договорот за играчот што белска во Бундеслигата. Јовиќ веќе постигна 9 голови на 10 меча во новата сезона, а беше стрелец и во финалето на купот против Баерн во Берлин, во сензационалниот триумф на „орлите“ од Франкфурт.