Давид Бабунски е специјален гостин на Манчестер сити на мечот со Тотенхем (Видео)

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски доби посебна чест, тој денеска е специјален гостин на „Етихад“ за мечот меѓу Манчестер сити и Теотенхем од Премиер лигата. Причината е јасна, Давид Бабунски е еден од ретките фудбалери кој во текот на кариерата има соработувано со менаџерите на двата тима, Пеп Гвардиола и Анге Постекоглу.

Давид Бабунски е изданок на академијата на Барселона, а во одредени периоди тренираше и со првиот тим кој во тоа време го предводеше Пеп Гвардиола.

Со Анге Постекоглу соработуваше во Јапонија, во тимот на Јокохама.

Давид Бабунски имаше и интервју во кое го опиша стилот на работа на двајцата одлични стратези.

- Оглас -

Најнови вести