Давид Брестовац потпиша за друг клуб од Германија

Младиот македонски ракометен голман, Давид Брестовац, потпиша договор со Волфе Вирцбург, клуб кој испадна од втора во трета лига, и има амбиција да се врати во втората Бундеслига.

Брестовац и минатата сезона беше на голот на германски третолигаш, ЛХЦ Котбус.

Талентираниот Брестовац пред заминувањето во Германија во 2022, беше во Металург. Неодамна, на младинското ЕП во Словенија, Давид на мечот со Австрија имаше прилика да се запознае со својот нов тимски колега Марко Богојевиќ, кој истотака е голман.

- Оглас -

Најнови вести