20.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Давид де Хеа му се враќа на фудбалот по една година пауза

Шпанскиот голман Давид де Хеа по една година повторно му се враќа на фудбалот. Тој беше подготвен да се врати во Манчестер јунајтед пред клубот да потврди дека Ерик тен Хаг ќе ја води екипата и во новата сезона. Сепак, сега тој нема да може да се приклучи на тимот од „Олд Трафорд“ затоа што не е во најдобри односи со Холанѓанецот.


Еден од најдобрите голмани во историјата на Премиер лигата веќе една година е без работа, но најави дека се враќа. Во Манчестер јунајтед помина 12 години.
Англиските медиуми пишуваат дека има понуди од Саудиска Арабија, МЛС лигата на САД и од Италија.


Де Хеа наводно има понуди од Премиер лигата, но не е сигурен дали би можел да се замисли во дрес на друг англиски тим откако за Манчестер јунајтед бранеше на 545 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести