Искусниот шпански голман Давид де Хеа веќе неколку месеци е без клуб, а според влијателниот весник „Марка“, можно е да се случи сензационален договор. Најавите се дека Де Хеа е пред потпис со шпанскиот второлигаш Елденсе.
Се работи за клуб кој е многу амбициозен. Минатата сезона играше во трета лига и преку бараж успеа да се избори за влез во Сегунда дивисион. По 15 одиграни мечеви, Елденсе се наоѓа на 11-тото место со 22 бода, односно само три помалку од Еспањол, кој е шести и е во зоната која води во плејофот за разигрување во Примера дивисион.
Во Елденсе веќе играат неколку докажани шпански фудбалери, како што се: Флоријан Андоне, Хесус Клементе, Арнау Ортиз, Алекс Бернал, Мигуел Мари, Алекс Мартинес и Пина.
Де Хеа би потпишал договор до летото 2025 година, а во случај да избори место во Примера дивисион, договорот би се продужил со дополнителни бонуси. Според најавите, Де Хеа треба само да ги помине лекарските прегледи и да го комплетира договорот со клубот каде што би заиграл како слободен играч.
Искусниот шпански голман во претходните 12 години го носеше дресот на англискиот гигант Манчестер јунајтед, а има и 45 настапи за репрезентацијата на Шпанија. Тој е рекордер и по бројот на настапи за младинските селекции на Црвената фурија. Има вкупно 66 меча за репрезентациите од У17 до У21 на Шпанија.