28.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Давид Луиз се врати во Европа, ќе игра за тим кој учествува во квалификациите за ЛШ

Бразилската фудбалска ѕвезда Давид Луиз (38), пристигна на Кипар, каде треба да потпише договор со клубот Пафос.

Пафос игра против Динамо Киев во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, и овој трансфер покажува дека се амбициозни. Давид Луиз долго играше во Европа, најпрвин во Бенфика, па во Челзи (со Сините ја освои Лигата на шампионите во 2012 година), ПСЖ и Арсенал, а до пред некој ден го носеше дресот на Форталеза со кој го раскина договорот.

На Кипар е пречекан со многу ентузијазам, фановите веруваат дека ќе биде големо засилување за тимот.

- Оглас -

Најнови вести