Давид Силва е виновен за тепачка на познат шпански карневал, ќе ѝ плати отштета на младата дама што ја нападна

Познатиот шпански фудбалски ас е виновен за учество во тепачка во која удрил млада дама и ќе мора да ѝ плати отштета од точно 1.080 евра, одреди шпанскиот суд.

Силва задно со својот брат и нивен заеднички пријател учествувал во инцидент што прераснал во тепачка на познатиот Маспаломас карневал во Гран Канарија кој се одржа од 9 до 16 јуни.

Еден од најпознатите шпански репрезентативци во овој милениум во тепачката удрил помлада жена и потоа го призна делото и ја прифати паричната казна.

https://twitter.com/ellarguero/status/1572701058740232192?s=20&t=lxfA16F_KxjnQWZt2vb9RA

Ваквиот однос на Силва, кој е познат како мирен фудбалер, ги изненади сите во Шпанија.

Давид има три вредни титули со Шпанија, двапати беше европски првак со Црвената фурија, во 2008 и во 2012 година, а стана и светски првак во 2010 година.

Има 125 настапи за Шпанија со постигнати 35 гола, а во клупската кариера играше за Валенсија, Еибар, Селта, Манчестер сити и сега е член на Реал Сосиедад.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести