Давид Силва ќе паузира три недели

Плејмејкерот на Манчестер сити, Давид Силва, ќе пропушти околу три седмици откако стана јасно дека има повреда на мускулот од задната страна на десната нога, здобиена за време на дербито со Челзи кое Сити го загуби со 0-2.

Шпанецот ќе го пропушти последниот меч од ЛШ против Хофенхајм, придружувајќи им се на Кевин де Бројне, Данило, Серхио Агуеро, Бенџамин Менди и Клаудио Браво на листата на отсутни. Најблиску до враќање е Аргентинецот Агуеро, кој има шанса да се појави за неколку дена на дуелот од Премиер лигата против Евертон.

„Давид нема да биде на располагање во следните неколку седмици. Не е нешто сериозно, но ќе пропушти неколку натпревари”, изјави тренерот Пеп Гвардиола, кој утре ќе одмори голем дел од стартерите.

Се очекува шанса да добие младиот Фил Фоден, кој остана да се бори за место во тимот и не замина на друго место следејќи го примерот на Санчо, кој игра редовно во Борусија Дортмунд, а во дуелот со Хофенхајм ќе има простор за докажување и за Брахим Дијаз.

- Оглас -

Најнови вести