Давид Силва: Потребни се искусни играчи, но Сити има светла иднина

Давид Силва вчера најави дека ќе го напушти тимот на Манчестер сити по сезоната 2019/20, поточно откако ќе му истече договорот. Ќе мине точно една деценија откако Шпанецот ги засили Граѓаните, а во својот престој во Манчестер стана легенда на клубот.

Триесет и тригодишниот плејмејкер сепак, верува дека англискиот првак ќе нема проблем да го замени, бидејќи тие веќе имаат играч кој може да го пополни неговото место. Силва го најави младиот Фил Фоден како идниот лидер на тимот.

„Секој тим кој цели на големи успеси треба да има искусни играчи во составот. Но, јас не се грижам за Сити. Тие имаат светла иднина и без мене, а веќе го развиваат идниот лидер на тимот. Тоа е Фил Фоден, не се сомневам дека ќе биде главен играч на Сити. Многу ме потсеќа на мене кога бев помлад.Размислува слично како мене, а иако е млад веќе покажува лидерски способности. Секако, тука се и Стерлинг, Бернардо, Сане, кои исто така ќе продолжат да го водат тимот кон нови трофеи“, истакна Силва.

Шпанецот во летото 2010 година пристигна од редовите на Валенсија за сума од 28 милиони фунти, за Граѓаните досега запиша 398 настапи во сите натпреварувања во кои постигна 71 погодоци и 129 асистенции. Во меѓувреме се закити со четири титули во Премиер лигата, исто толку пехари освои и во Лига купот на Англија, како и два трофеи во ФА купот.

- Оглас -

Најнови вести