Давид Тошевски постигна три гола за Австрија Клагенфурт и ги посвети на настраданите во трагедијата во Кочани

Македонскиот напаѓач Давид Тошевски продолжува со фантастичната форма! Тој постигна хет-трик и сам ја донесе победата на својот тим Австрија Клагенфурт, кој славеше со 2-3 на гости кај Хартберг.

Тошевски го израмни резултатот во последните моменти од првото полувреме, откако Хартберг поведе преку Авдијај. Во вториот дел, нашиот репрезентативец постигна уште два гола, во 63-та и во 84-та минута – и практично сам го реши натпреварот, обезбедувајќи вредни три бода за Клагенфурт. Секој погодок го прослави со поглед кон небото, посветувајќи го на настраданите во трагедијата во Кочани.

Овој хет-трик доаѓа веднаш по неговото деби за македонската А-репрезентација, кога играше против Лихтенштајн во победата од 0-3 во Вадуц. Очигледно е дека повикот за националниот тим дополнително го мотивираше и Тошевски максимално ја користи шансата да се наметне и како еден од адутите на селекторот Благоја Милевски.

Од нашите интернационалци денеска стрелец беше и Марио Илиевски за тимот на ЦСКА 1948 против Крумовград (4-1) во првенството на Бугарија.

- Оглас -

Најнови вести