После триумфот над Косово, селекторот Јорданчо Давитков беше задоволен од победата, и кажа дека тимот имаше и добри и лоши моменти.
„Реков дека вакви натпревари најтешко се добиваат. После одличната прва четвртина, играчите како да помислија дека е готова работата и малку излегувавме од акции, се земаа нерезонски шутеви. Но, после паузата на полувремето, одигравме добро во одбраната, го запревме Бериша во вториот дел. Одигравме подготворнос во нападот. Имаме 3-0, добар скор, се надевам дека во февруари ќе биде 4-0 и ќе го завериме пласманот во квалификациите. И во Романија ќе одиме на победиме“ – изјави селекторот Јорданчо Давитков.
Давитков го пофали Андреј Магдевски, а и за Шејн Витингтон кажа дека одиграл многу подобро отколку на првиот меч за Македонија.
„Не би сакал да истакнам имиња, сите дадоа придонес, но факт е дека Магдевски одигра добро во одбрана, во второто полувреме го запре Бериша. Витингтон ни помогна. Тој е поразличен тип на играч од Хендрикс на кој сме навикнати, но имаше добри моменти. Излегуваше на 7-8 метри помагаше во дефанзивата кај Бериша. Задволен сум и од него, за разлика од првиот меч, сега беше многу подобар“ – додаде Давитков.