Јорданчо Давитков ја заврши шестгодишната успешна авантура во Кувајт поделена во два мандати. Поранешниот селектор на Македонија се раздели со тимот на Кадсија по седум освоени трофеи од 2008 до 2011 година, односно од 2017 до 2020 година.
Давитков четирипати ја предводеше екипата до националната титула, во два наврати го подигна куп-трофејот како и интернационалното арапско првенство. Стратегот ја потврди разделбата преку својот „фејсбук“ профил:
„По шест години во Кадсија од 2008 до 2011, односно од 2017 до 2020 година и освоени седум трофеи, време е за разделба. Благодарен сум на управата, стручниот штаб и играчите, им посакувам среќа на сите во иднина“, стои во објавата на Давитков.