28.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Давор Здравковски направи трансфер во АЕЛ Лимасол

Македонскиот репрезентативец Давор Здравковски ja напушти Шкотска и се врати на Кипар, потпишувајќи договор со својот поранешен клуб АЕЛ Лимасол.

Со АЕЛ Лимасол, Здравковски во 2019 година ја освои куп-титулата на Кипар и имаше значителен придонес за успесите на тимот во периодот 2017–2023, запишувајќи повеќе од 160 официјални натпревари.


Во изминатите две сезони настапуваше во Шкотска, во дресот на Мадервил, каде одигра 62 натпревари во сите натпреварувања.

Клубот објави дека трансферот ќе биде официјализиран по успешно завршените медицински прегледи.

- Оглас -

Најнови вести