Де Бјази нѐ гази и нѐ фали: Македонија играше добро, но Азербејџан беше подобар

Џани Де Бјази има две победи на два меча како селектор во дуелите против Македонија, а денеска го надмудри Благоја Милевски и Азербејџан заслужено славеше со 3:1 во Скопје.

Италијанецот го паметиме и по незгодниот пораз во Скадар во дводневниот маратон со Албанија на гости во септември 2016 година, кога загубувме со 2:1.

И тогаш и денеска врнеше дожд, а Де Бјази излезе како победник.

„Македонија има голем индивидуален квалитет, имаше доста шанси денеска, но ние бевме подобри и заслужено победивме. Беа фаворити, но фаворитите не победуваат секогаш и Азербејџан заслужи да се радува“, изјави Де Бјази.

 

- Оглас -

Најнови вести