Ретки се играчите како Александар Трајковски во Италија. Искрено ме импресионира со игрите. Кога е расположен за игра беше незапирлив, вистински фантазер во тимот на Палермо, вели во интервју за италијанските медиуми Џани Де Бјази.
Поранешниот селектор на Албанија, беше на чекор да го превземе кормилото на Палермо, но во последен час ја одби понудата на Мауро Зампарини, па беше именуван сегашниот тренер Роберто Стелоне.
„Имав добар план да ги задржиме главните столбови во тимот и да го донесеме Алваро Медран од Рајо Валјекано, но во последен час не се договоривме. Му посакувам на Стелоне да успее, бидејќи Палермо заслужува да се врати во Серија А“, вели Де Бјази.
Го пофали и вториот наш репрезентативец во тимот од Сицилија, Илија Несторовски, додавајќи: „Сакам да ги видам Пушкаш и Несторовски заедно во нападот. Мислам дека тоа е добитна комбинација за Палермо. Пушкаш е физички посилен, но Несторовски е поопасен за голот на противниците. Има инстинкт на расен стрелец“, дополни познатиот италијански стручњак.