23.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Де Бројне бил шокиран што Манчестер сити не сакал да му го продолжи договорот

Кевин Де Бројне откри дека бил непријатно изненаден од одлуката на клубот да не му понуди продолжување на договорот кој му истекува во јуни годинава.

Искусниот 33-годишен белгиски репрезентативец неодамна официјално објави дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, а единствената непознаница е дали тој ќе игра за Граѓаните на Светското клупско првенство или ќе се прости по завршувањето на сезоната во Премиер лигата.

„Не беше пријатно, но ми олесни откако објавив. Немав никаква понуда цела година, очигледно одлуката веќе била донесена. Секако дека бев изненаден. Разговорот со раководството не траеше долго, но ја прифаќам ситуацијата, свесен сум дека веќе немам 25 години, им кажав дека чувствувам дека уште можам да ја работам својата работа како досега и верувам дека сè уште можам да играм на високо ниво“, изјави Де Бројне кој на 416 натпревари за Сити, постигна 107 голови, а имаше и 177 асистенции.

За својот следен чекор во кариерата, белгискиот ас вели дека одлуката ќе ја донесе заедно со семејството. Се шпекулира дека клубови од американската МЛС лига со добри финансиски понуди се обидуваат да го купат.

„Отворен сум за сè, но треба да ги земам во предвид и спортските и семејните причини и на крајот да решам што има најмногу смисла за мене и за моето семејство“, заклучува Де Бројне во разговорот за „Дејли мејл“.

- Оглас -

Најнови вести