Де Бројне доби неочекувана понуда, нема да оди ниту во С. Арабија ниту во САД

По точно една деценија помината во дресот на Манчестер сити, Кевин де Бројне и официјално потврди дека ќе си замине од англискиот тим. Со настапите во овие 10 години, Де Бројне се профилираше во еден од најдобрите во светот.

Со Манчестер сити Де Бројне ги освои сите најзначајни, а по најавата дека си заминува, веднаш започнаа шпекулации за тоа каде може да продолжи во следната сезона.

Многумина најавуваат дека Де Бројне ќе замине во Саудиска Арабија или во САД, но последните најави се дека Белгиецот може да го облече дресот на Волфсбург. Германскиот тим е местото каде Де Бројне играше пред да потпише за Манчестер сити, што значи дека би се вратил во старо јато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести