Де Бројне е неверојатен – Хет-трик за 25 минути, а еден од головите го прослави во стилот на Халанд (ВИДЕО)

Кевин де Бројне го води Манчестер сити кон нова титула во Премиер лигата.

Белгиецот за 25 минути постигна хет-трик на гостувањето кај Вулверхемптон, каде што актуелниот првак на полувремето има водство од 3:1.

Првиот негов гол дојде во седмата минута, а домаќините ги израдуваа навивачите на Ливерпул со израмнувањето преку Дендонкер само шест минути подоцна.

Но, повторно Белгиецот стапи на сцена со гол во 16-тата минута, а во 25-тата со навистина фантастичен погодок ја зголеми предноста на својот тим.

По постигнатиот трет погодок, Де Бројне прославата ја направи во стилот на Ерлинг Халанд, со што го најави неговото доаѓање.

- Оглас -

Најнови вести