9.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Де Бројне е оптимист: „Моето враќање веќе започна!“

Фудбалерот на Наполи, Кевин де Бројне, потврди дека бил подложен на хируршка интервенција поради кинење на бутниот мускул на десната нога.

„Поздрав до сите! Како што знаете, ќе бидам надвор од терените одреден период. Добрата вест е дека операцијата помина одлично. Моето враќање веќе започна! Ви благодарам за сите пораки!“, напиша Де Бројне на својот профил на „Х“.

Де Бројне ја доби повредата за време на натпреварот од осмото коло на Серија А против Интер, кога беше принуден да го напушти теренот во 37-мата минута. Тој се повреди при изведување на пенал, постигна гол, но потоа веднаш застана и се фати за повредената нога.

Во тековната сезона белгискиот ветеран одигра 11 натпревари за Наполи во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и запишувајќи две асистенции.

- Оглас -

Најнови вести