20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Де Бројне: „Конте е поразличен тренер од Гвардиола, конкурент за титулата ни е само Интер“

Кевин де Бројне беше донесен во Наполи како најголемо засилување летово и фудбалер кој треба да помогне во одбраната на Скудетото. Уште по првиот натпревар Белгиецот мора да направи споредба помеѓу Конте и Гвардиола.

„Конте со своите методи е различен од Гвардиола. Тој знае како да изгради компактен тим, како целина. Бара многу жртва од нас и ако не работиш тимски, тогаш нема да играш.“ – вели Де Бројне.

Тој открива дека одлуката да се пресели во Неапол ја донеле неговите деца.

„Имав многу понуди, но јас го избрав шампионот на Италија. Играат во Лигата на шампионите, а Конте е фантастичен тренер. Кога си млад одлучуваш за себе, но сега ги прашав моите деца. Најголемото има 10 години.“ – додава Белгиецот.

Според Де Бројне, единствениот конкурент на Наполи во битката за титулата ќе биде Интер.

„Интер е константен и се поквалитетни од другите екипи, но има уште неколку екипи кои се високо ниво. Милан може да биде опасен и покрај киксот на стартот. Тие имаат предност дека може да се концентрираат само на првенството.“ – вели Де Бројне.

Наполи со гостинска победа над Сасуоло од 0-2 ја отвори новата сезона во Серија А, а токму Де Бројне беше стрелец на вториот погодок.

- Оглас -

Најнови вести