Де Бројне: Навивачите на Наполи се луди, Лукаку ми кажа пофални зборови за тимот и градот

Во своето прво интервју како играч на Наполи, Кевин Де Бројне откри зошто го избрал италијанскиот првак, иако имаше повеќе понуди за продолжување на кариерата после 10-годишниот престој во Манчестер сити.

„Јас сум некој што сака да победува, мразам да губам. Тимот го освои Скудетото минатата сезона, мислам дека можеме да направиме нешто добро. Тимот е амбициозен, сака да победува. Наполи и јас ја делиме истата амбиција. Мислам дека ова е вистинскиот проект за мене и ќе работам за да можам да го дадам својот придонес“, рече Де Бројне.

„Навивачите кои дојдоа во Рим беа многу гласни, малку се луди, но тоа е во ред. Градот го поддржува својот тим, тоа беше нешто од кое сакав да бидам дел, многу луѓе го поддржуваат тимот, ќе има одлична атмосфера“, вели Де Бројне кој во пасијата на фановите на Наполи се увери додека беше на лекарски преглед во Рим каде многу навивачи се собраа да го поздрават.

Во Наполи, Де Бројне за соиграч ќе го има сонародникот Ромелу Лукаку.

„Лукаку го познавам одамна, уште кога имав 13 години. Тој ми зборуваше со пофалби за тимот и градот. Разбирам малку италијански, ќе треба да научам да зборувам, биде одлично искуство. По 10 години во Англија, ова е ново искуство за мене. Јас и моето семејство сме возбудени и едвај чекаме да почнеме да го живееме“, рече Белгиецот.

На крајот од видеото, Белгиецот им испрати порака на навивачите на италијански јазик: „Тука сум за да победувам, напред Наполи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести