Наполи го победи Интер со 3-1, но големиот триумф имаше и горчлив вкус поради повредата на Кевин Де Бројне.
Несреќниот Белгиец истегна мускул при изведувањето на пеналот со кој му донесе водство на Наполи од 1-0.

Веднаш мораше да го напушти теренот на носилки, а првите прогнози се дека би можел да биде надвор од терените до јануари 2026 година, но точно ќе се знае после прегледите во текот на денов и долживата на паузата ќе биде во зависност од тоа дали е истегнат или скинат мускул и дали е оштетена тетивата во задната ложа.

