Де Бројне не сакајќи даде гол, Манчестер сити направи пресврт и води во Париз (Видео)

Манчестер сити води со 2-1 на гостувањето кај ПСЖ и сега има многу поповолен резултат, кој им дава предност пред реваншот во Англија. Стрелец на изедначувачкиот гол беше Кевин де Бројне во 64-тата минута, а Ријад Марез погоди од слободен удар за водство во 71-вата.

Де Бројне имаше многу среќа бидејќи нафрлуваше, а топката влезе во голот на невнимателниот Кејлор Навас. Ова негативно влијаеше врз парижаните, нивната збунетост продолжи и со грешката кога во живиот ѕид при слободниот удар на Марез имаше дупка низ која мина топката.

Ова е голот на Де Бројне за 1-1:

https://twitter.com/i/status/1387503018455834626

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести