14.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

Де Бројне: Очекуваме победа против Македонија

Фудбалската репрезентација на Белгија посакува триумф против Македонија за да се искачи на првото место во групата во завршницата од квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство 2026.


Фудбалерот за врска Кевин де Бројне истакна дека Белгија не смее да си дозволи нов „кикс“ против Македонија, и тоа нема да се случи.


„Не бевме најдобри на првиот меч против Македонија и противникот успеа да освои бод. Но, сега сите се надеваме дека ќе биде сосема поинаку. Подготвени сме максимално, фокусирани и очекуваме победа и три бода“, изјави Де Бројне.


Тренерот Руди Гарсија е уверен дека неговиот тим ќе одигра добар натпревар и дека ќе успее да ја оствари целта, иако искажа комплименти и за Македонија.


„Македонија е квалитетен тим, во никој случај не смееме да ги потцениме. Но, добро ги анализиравме и сепак мислам дека сѐ ќе зависи од тоа како ние ќе се однесуваме на утрешниот меч. Посакуваме победа и ќе се стремиме кон тоа“, изјави Руди Гарсија.

- Оглас -

Најнови вести