Ѕвездата на Манчестер сити, Кевин Де Бројне, денеска за последен пат играше за Граѓаните, клубот во кој мина цела деценија, а сезонава беше и капитен.
Веројатно секој клуб би го посакал во своите редови, и Мохамед Салах рече дека со задоволство би го прифатил во Ливерпул, а Де Бројне одговори на прашањето дали би бил отворен за трансфер во друг клуб од Премиер лигата.
Кевин е слободен играч и сам може да бира каде ќе ја продолжи кариерата. Тој во Англија има играно и за Челзи.
„Сакам да играм фудбал на високо ниво. Каде ќе одам? Знам дека се обидувате да погодите каде ќе одам, но ќе знаете кога и јас ќе знам. Дали сум подготвен да се преселам во друг клуб од Премиер лигата? Се зависи од тоа кој ми нуди договор. Имам семејство, мали деца. Морам да донесам одлука што ќе им одговара на сите, не само на мене. Да имав 20 години, тоа ќе беше лесна одлука, но сега е малку покомплицирано. Дали преговарам со други клубови? Да, секако“, рече Де Бројне.