Италијанскиот првак Наполи има водство од 1-0 против Интер по првото полувреме од дербито на колото во Серија А, но се чини дека за тоа даде преголема жртва. Кевин де Бројне, најдобриот фудбалер на Наполитанците, се здоби со сериозна повреда на десната нога, непосредно откако го постигна голот од пенал за водство, во 33-тата минута.
Attığı gol sonrası sakatlanan Kevin De Bruyne yerini Mathias Olivera'ya bıraktı. pic.twitter.com/585zpwIFPY https://t.co/5kRfnWEcC0
— Sporx (@sporx) October 25, 2025
Тој не можеше ниту да се израдува на погодокот, затоа што веднаш за фати за бутниот мускул и сигнализираше дека е повреден. По ова, воопшто не можеше и да згазне на повредената нога и јасно е дека на Белгиецот му претстои подолга пауза.

