Де Бројне потврди: „Нема да играм на СКП, кој ќе се грижи за мене ако се повредам?“

Манчестер сити и дефинитивно ќе мора да настапи на Светското клупско првенство во САД без Кевин де Бројне, чиј договор истекува на 30 јуни, а натпреварувањето ќе трае од 14 јуни до 13 јули.

Пеп Гвардиола бараше од раководството на клубот да му го продолжи договорот на белгискиот интернационалец до крајот на првенството, но самиот фудбалер во изјава за медиумите од Островот потврди дека нема да игра.

„Нема да играм на Светското клупско првенство пред крајот на договорот. Кој ќе се грижи за мене ако се повредам? Нема смисла да играм таму, мора да се грижам за себе бидејќи ќе останам без клуб. Лесно е да се носат одлуки кога имаш 20 години и можеш без проблем на секои три дена да патуваш од едниот до другиот крај на светот. Сега имам семејство, повозрасен сум и мора да се грижам за секој детаљ“, вели Де Бројне.

Белгиецот има голем број понуди на негова адреса, па ќе треба да одлучи дали ќе остане во Европа да игра врвен фудбал или ќе го напушти континентот во потрага по богат договор во Саудиска Арабија или САД.

- Оглас -

Најнови вести