Де Бројне повторно во „аут“, Пеп лут на распоредот

Во вчерашната победа на Манчестер сити против Борнмут со минимални 1-0, Кевин де Бројне одигра само едно полувреме, откако се здоби со повреда на препоните и не беше во можност да ги одигра преостанатите 45 минути од мечот. Според најавите на Пеп Гвардиола, Белгиецот го чека подолга пауза и засега не се знае кога ќе се врати на терените, додека шпанскиот стратег со прст покажа кон распоредот, смета дека тој е најголем виновник за честите повреди на своите фудбалери.

„Станува збор за повреда на препоните, Кевин нема да биде на располагање одреден период, не можам да кажам колку точно ќе отсуствува бидејќи не знам. Тешко е да се игра на четири фронта, да се бориш за сите трофеи и воедно да ги задржиш сите играчи здрави. Се надевам дека следната сезона ќе доведеме три или четири засилувања за да имаме решенија кога ќе се најдеме во ваква ситуација“, истакна Гвардиола.

Де Бројне сезонава неколку пати се мачеше со повреди. Поради коленото ги пропушти првите два месеци од оваа сезона, а одигра само 14 премиерлигашки натпревари.

- Оглас -

Најнови вести