Ѕвездата на Манчестер сити, Кевин Де Бројне, врши напори за да биде подготвен за настап веќе во сабота, кога „граѓаните“ играат против Барнли во рамките од деветтото коло во Премиер лигата.
Иако белгискиот плејмејкер велеше дека ќе биде подготвен дури за градското дерби против Јунајтед кое се игра на 11-ти ноември, по сите изгледи се опорави побрзо од очекуваното. Се чека само зелено светло од медицинскиот персонал на клубот за да може да истрча на тревата на „Етихад“.
Де Бројне се врати на тренинг пред дербито со Ливерпул, во кое Сити ремизираше без голови, но не беше во конкуренција за настап. Репрезентативната на пауза ја искористи целосно да ја врати кондицијата, откако нема одиграно натпревар по повредата во средбата против Арсенал во првото коло.
Натпреварот Манчестер сити – Барнли е закажан за сабота, со почеток од 16 часот.