32.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Де Бројне само 10 дена е со Конте, и веќе јасно му е каква тактика применува

Кевин Де Бројне го започна новото поглавје во својата кариера откако ова лето му се приклучи на Наполи како слободен агент од Манчестер сити.

Во интервју за „Скај Спорт“, 34-годишниот Белгиец ги сподели своите први впечатоци околу главната разлика помеѓу тренерите Антонио Конте и Пеп Гвардиола.

„Сè оди според планот. Тренираме напорно и среќен сум. Квалитетот во тимот е висок, но тоа веќе го знаев. Наполи беше шампион во Серија А минатата сезона. Тактиките тука ќе бидат различни од тие во Сити. Конте е повеќе ориентиран кон одбраната, додека Гвардиола има повеќе напаѓачки стил. Но, јас имам цело време да ја запознаам филозофијата на тренерот. На крајот на краиштата, заедно сме само околу десет дена“, изјави Де Бројне кој по речиси една деценија во Сити, пристигна во Неапол со огромно искуство и големи очекувања од него.

- Оглас -

Најнови вести